![]() |
|||||||||||||
|
Проектот на Марк и Џанел Смајли - 14.10.2011, Игор Т. Сите 50 класики во Северна Америка Во 1979-та година Стив Ропер и Ален Стек ја објавуваат книгата „50 класични искачувања во Северна Америка“. Во консултација со своите колеги и пријатели - качувачи и алпинисти, од еден поширок список на искачувања, тие прават избор на 50 насоки кои според нив навистина заслужуваат да го претставуваат овој континент – како посебни приказни со убавина, историја и одлично качување. Книгата многу брзо добива на популарност. Во периодот од 1979 година до 1999 година, според некои статистики биле продадени повеќе од 30 илјади примерици, а во 1995 година Ропер и Стек ја добиваат Наградата за литература на Американскиот алпинистички клуб. Книгата е инспирација на многу генерации на качувачи и е вистинска промоција на овие 50 насоки. Секој според своите афинитети си наоѓа нешто во нејзе: насоки на карпа, насоки во снег и мраз, високи планини, високи карпи... Некои пак, како Марк и Џанел Смајли, сакаат да ги повторат сите. Проектот „Искачување на 50-те класики во Северна Америка“ го започнаа минатата година и нивна цел е документирање на истиот преку подготвување на кратко видео за секое искачување. Сите информации за оваа авантура која овој пар ќе го однесе „на патување од преку 40000 километри за да искачат повеќе од 55000 вертикални метри“ можете да ги добиете на нивниот веб сајт: smileysproject.com. Таму можете да ги видите видеата за дел од нивните досегашни искачувања (28 видеа до овој момент), да ги видите насоките кои ги искачиле и кои им остануваат, да ги помогнете финансиски и слично... Ова е видеото со кое го претставуваат проектот:
|
||||||||||||
Copyright © Alpinizam.org |
|||||||||||||