|
Плетвар, Стогот, Камена баба...
- 02.12.2009 (Игор Т.)
Да не ги оставиш ова Битолчаниве... Како да не виделе... Па дајте браќа оставете нешто и за нас! Ја немав посетено веб страната на СКК Вериткал долго време и кога денес гледам - во една недела нивните „качвачи“ Горан Кузмановски и Вања Атанасов направиле сé на што мислам веќе со месеци... Нови насоки на Плетвар, Стогот, повторување на некои стари како на пример „Коњско јаже“ и „Василица“... Прекрасни искуства! Но - нема смисла! Навистина нема смисла! Да сум Прилепчанец визен режим би им ставил! И патарини!
Пресреќен сум што Прилеп – локалитетите околу овој град се развиваат во одлична насока. Најмногу благодарение на Горан и Вања, кои пристапуваат кон карпите во чист стил – обезбедувајќи се со чокови, френдови, гуртни... Карпата таму дава можности за такво нешто и фино е што комуникацијата со нејзе се одвива „на ниво“. Се надевам дека тоа ќе се одржува така и понатаму. Ептен сум среќен за сé што се случува таму последнава година! Нема да ја должам понатаму работава. За сите кои до сега не ги виделе овие искачувања, повеќе информации и фотографии ќе можете да погледнете кај нив >>>>

|
Околу Плетвар:
- Димитар Илиевски - Мурато,
- Гандалф,
- Прополис, Цицка и Ајкула,
- Трочоци;
- Елена;
- Жолта Лозова |