|
Нови насоки над браната Козјак
На 24-ти Април 2009 година, членови на АК Матка од Скопје искачија нови насоки над браната Козјак.
Еве дел од известувањето:
Мисија Козјак... Авантурата и рок музика од 80-тите беа нашата светла ѕвезда во овој поход кои не водеа цело време. Фаќајки ги последните зраци на сонцето успеавме успешно да искачиме дел од карпите над езерото Козјак кои ни го мамеа погледот веќе подолго време. Да, тоа беа нашите првенчиња, нашите први обиди да направиме нешто свое...првата првенствена.
Црвениот Голф како по обичај беше преполн со опрема и спремен да се справи со преизвикот да не однесе по којзнае кој пат до карпите. Четиричлената екипа се состоеше од Ристе (Калинов), Панде (Фармаков), Никола (Андоноски) и Цеко (Владимир Цветковски).
Некаде околу 18:00 часот бевме во подножјето на карпата со целата опрема на нас, многу френдови, чокови, замки, клинови и карабинери. Во првата наврска беа Ристе и Панде кои успешно ја комплетираа нивната прва насока “Астрономска”, а во втората наврска јас и Никола бевме приморани да абзелуваме пред самиот излез на карпата.
Прв пат кога ја здогледав карпата моите очекувања беа преголеми, но како се доближувавме до почетокот на нашата насока сватив дека ќе качуваме нешто екстремно ронливо, затоа што се движевме по огромни одронети парчиња од самата карпа. Вкупна висина на карпата е околу 60 метри, ронлив варовник, јужно експониран...
Повеќе инфо околу искачувањата на сајтот на АК Матка >>>>

|