Share

Доломити - Август/2010г.

- 31.07.2010, Игор и Весна Т.

Со големо задоволство Ви ги претставуваме нашите партнери во овогодинешната алпинистичка акција во Доломитите. Можете да забележите дека покрај Алпина и Вардар Осигурување кои се наши партнери веќе подолго време, од скоро во искачувањата ни се придружи и Општина Карпош. Среќни сме што сите тие преку нас, со својата подршка - покажуваат почитување и вреднување на македонскиот алпинизам и сите искачувања кои ги правиме.

Следете нé како преку нашиот сајт, така и преку нашиот Фејсбук профил, каде секогаш ќе има пораки и фотки од тоа што го работиме во моментот.

12.08 Повеќе фотки овде >>>>, а текстови наскоро ;)

10.08 Поминавме 7 совршени дена во еден од најубавите и можеби најзначајни алпинистички локалитети во Доломитите - Трите Кули на Лаваредо. И покрај променливите временски услови успеавме да искачиме три прекрасни насоки: „Пројс“ на Најмалата Кула, „Дилфер“ на западната страна на Големата Кула и „Комичи“ на северната страна на Големата Кула... Повеќе инфо околу овие насоки кога ќе се вратиме во Скопје. Во моментов сме во Словенија кај пријатели кои денес ќе не однесат на релаксација на кратки насоки на некој од нивните локалитети...

31.07 Тргнуваме :) Се надеваме на добри временски услови и по 2-3 дена да ги допреме фантастичните варовнички карпи. Прва цел: прекрасните кули на Лаваредо. Стискајте ни палци :))))

Од претходните посети:

Ова ќе биде наша трета посета на овие фантастични планини и со искуството кое веќе го имаме стекнато, се чувствуваме подготвени за уште поинтересни искачувања, но конкретните планови нека останат мала тајна ;)

Преку линковите долу потсетете се на нашите претходни акции:

 

Copyright © Alpinizam.org