|
| АД Вардар Осигурување - партнер во искачувањата |
-09.02.2010г., Игор и Весна Т.
АД Вардар Осигурување и оваа година партнер во нашите искачувања.
Во втората половина од минатата година, како докажан помагател на македонскиот спорт, АД Вардар Осигурување преку нашите искачувања и истражувања стана активен подржувач и на македонскиот алпинизам.
Од нашето партнерство минатата година најгорди сме на новата насока на карпите во близината на градот Омиш во Хрватска, која ја именувавме „Македонска насока“ (VI+, 200м.) која ја искачивме во чист стил (потсетете се овде >>>>). Исто така ги издвојуваме и искачувањата покрај Сплит, истражувањата во Црна Гора, искачувањата во Бугарија, присуството на големиот Фестивал на Планински Филмови во Банско...
Оваа година продолжуваме со уште посилно темпо. Планирани се интересни искачувања во познати качувачки локалитети во соседството, но и подалеку, а исто така и истражувања во досега неискачени вертикали...
Секако – со АД Вардар Осигурување како наш партнер!


|