„Соло“ на Солунска (Јули/2008)

Игор: Весна овој викенд отиде на Рилските езера во Бугарија, а јас со Мали отидов во Богомила. Овде имаме викендичка, па Мали остана со моите („на подготовки“ - бидејќи тие ќе го чуваат додека со Весна ќе бидеме на пат ова лето), а јас отидов на Солунска. Доцна во Сабота преку Папрадиште и Чеплес стигнав на гребенот каде преспав, а следното утро околу 7 часот бев на врвот и потоа за 3 часа на лубеница во Богомила (преку Нежилово овој пат). Еве некои фотки:

 

Шумата после Папрадиште

Раскрсница

Папратите пред Чеплес - беа повисоки од 1,8м :)

 

Долна Бабина Дупка

И чешмичката

Обично со Весна овде преспиваме во шатор - со поглед кон карпата, но овој пат сакав да имам поглед од горе...

 

 

Подготовки...

Недела, 5:20ам - да не беа мувите признавам ќе го пропуштев овој поглед

 

 

Поглед наоколу

Пред тргнување кон врвот - 6:00ам

Благодарение на апаратот кој како да сликаше, но не сликал - искуствата од ова место, до врвот и назад до Богомила нема да можам да ги споделам...

Copyright © 2005 Alpinizam.org