|
Златен цепин за 2011г.
-19.02.2011г.
И номинациите се...
Пик Победа (7439м), Киргистан
Пик Победа е најсеверната планина повисока од 7000м во светот. Таа е симбол за качувањето на високи планини за алпинистите на азискиот континент. Нејзината северна страна е висока 2500 метри и е стрмна и експонирана. Казахстанците Генадиј Дуров и Денис Урубко, во периодот од 10-ти до 15-ти август 2011-та година (од базниот камп до врвот), искачија нова насока во нејзиниот централен и највисок дел и ја именуваа „DollarRod“ („Прачка долари“). Искачувањето беше направено во алпинистички стил и е потфат кој минатата година беше награден со „Златен цепин Азија“. Техничките тежини се 6a, M4-M5, WI2.
Сасер Кангри 2 (7518м), Индија
Експедицијата на Американците Марк Ричи, Стив Свенсон и Фреди Вилкинсон во индиските Каракорам е уште еден пример за истражувачки и силен алпинистички стил во високите планини. За време на таа експедиција, тие се искачија на втората највисока, до сега неискачена планина во светот, Сасер Кангри 2. Тимот стигна до врвот на 24-ти август 2011-та година преку експонираната југозападна страна по четири дена качување и три бивакувања. Техничките тежини се WI4, M3 и се сконцентрирани во повисоките делови на насоката (именувана „The Old Breed” („Старата сорта“)).
Западниот врв на К7 (6615м), Пакистан
Младите словенечки алпинисти, Нејц Марчич (26) и Лука Стражар (23) се искачија до западниот врв на К7 по три дена искачување во алпинистички стил, поминувајќи ја до сега неискачената северозападна страна, преку 1600 метри долга микс насока. Тоа беше трето искачување до сега на оваа планина, која се наоѓа во долината Чаракуса. Искачувањето го карактеризираа истражувачкиот карактер, техничката тежина и минималистичкиот стил и посветеност. Ова беше нивна прва хималајска експедиција, aискачувањето го направија во периодот од 6-ти до 9-ти септември 2011-та година. Насоката е именувана „Dreamers of the Golden Caves” („Сонувачи на златни јами“)и е со тежини AI5, M5, A2.
Североисточен врв на Швалијан (6249м), Кина
Ова беше последната неискачена планина повисока од 6000м во Швалијан Фенг, во кинескиот Тјен Шан. Словенците Алеш Холц, Петер Јуван и Игор Кремшер се искачија во чист алпинистички стил преку долгиот и преубав северозападен гребен, во период од четири дена, а се симнаа преку југоисточниот гребен во перод од ден и половина. Насоката е именувана „Areteoftrust” („Гребен на доверба“), долга е 2400 метрии е со тежини AI5, M5+. Искачувањето беше направено во периодот од 27-ми до 31-ви јули 2011-та година.
Централниот врв на Меру (6310), Индија
Американците Конрад Анкер, Џими Чин и Ренан Озтурк го направија првото целосно искачување на источниот столб на овој врв. Насоката е со тежини 6а, А4, WI5, M6, долга е 1400 метри и е качувана во периодот од 21-ви септември до 2-ри октомври 2011-та година (од базниот камп до врвот).
Торе Егер (2850м), Аргентина
Патагониските игли од секогаш биле голем предизвик за најдобрите алпинисти во светот. При крајот на декември 2011-та година целата карпа на јужната страна на Торе Егер беше покриена со мраз. Норвежаните Бјорн-Еивинд Артун и Оле Лид во периодот од 25-ти до 26-ти декември 2011-та година ја искачија оваа вертикална кула на големо изненадување на целата алпинистичка заедница. Насоката ја именуваа „VenasAzules” („Сини вени“) и таа е со должина од 950 метри (350 метри е нов терен) и е со тежини М5, АI6.
Од претходно:
-21.01.2012г.
Жири, искачувања, „Валтер Бонати“
Објавени се жирито и издвоените искачувања од 2011-та година од кои ќе се одберат номинираните за „Златен цепин за 2011-та година“.
Жирито оваа година се состои од 6 члена: Мајкл Кенеди (САД, алпинист – претседтел на жирито), Валери Бабанов (Русија, алпинист), Алберто Инуратеги (Шпанија, алпинист), Инес Паперт (Германија, алпинист), Лиу Јонг (Кина, алпинист) и Алесандро Филипини (Италија, новинар).
Искачувањата се околу 90 и поделени се по земји, планински масиви или континенти и тоа: Алпи, Шкотска, Норвешка, Канада/САД, Алјаска, Гренланд, Јужна Америка, Киргистан, Авганистан, Пакистан, Индија, Кина, Непал и Тибет.
Во овие издвоени искачувања, најчесто се работи за првенствени искачувања, соло искачувања, први повторувања, први зимски искачувања, пречења итн... - на насоки на планини со различни височини (од 1500мнв до 8611мнв), со различни должини (од 350 метри до 3100 метри) и тежини (од TD, 5.6, WI3, M4 па до ЕD1, AI6, WI4+, M5+). Најголем дел од овие искачувања са направени во Алпите и во планините во Јужна Америка, Кина и Пакистан.
И оваа година ќе биде доделена награда за животно дело која што од оваа година во чест на италијанскиот алпинист Валтер Бонати, кој беше и прв добитник на ова признание во 2009-тата година, а кој минатата година почина на 81-годишна возраст - ќе го носи неговото име. Така, добитник на Златниот цепин за животно дело, признанието „Валтер Бонати“ оваа година ќе го добие францускиот алпинист Роберт Парагот.
-26.12.2011г.
20 години „Златен цепин“
21-24 март 2012, во Шамони – Монт Блан (Франција) и Курмаер (Италија)
Поставениот базен камп на манифестацијата „Златен цепин“ во Шамони и Курмаер во 2009 година означуваше нов формат на овој настан. Валтер Бонати, кој беше почесен гостин и добитник на првото признание „Златен цепин за животно дело“ тогаш рече:
„Живеев и во Курмаер и во Шамони и јас сум граѓанин и на двата града. Убаво е тоа што Монт Блан ве поврза... Монт Блан не ги разделува луѓето, туку ги обединува“
Од тогаш Валтер Бонати – легендарниот алпинист и човек со чест и посветеност – ни оддаде чест со тоа што беше дел од овој настан и во изминатите две години. Сеќавањето на него ќе игра голема улога во Златниот цепин. Неговото прифаќање на првиот „Златен цепин за животно дело“ му даде на овој настан свое место во историјата на алпинизмот.
20 години „Златен цепин“
Златниот цепин беше создаден во 1992 година со цел да се оддаде признание на постигнувањата во модерниот алпинизам. Првиот Златен цепин беше доделен за искачување на 3000 метри високиот јужен столб на Кангченџунга. Авторите на новата насока беа двајца непознати Словенци. Андреј Штремфељ беше Претседател на жирито во 2010 година по бројни други забележливи искачувања. Марко Презељ кој сé уште и денес качува на највисоко ниво, беше награден два пати и неговите искачувања се инспирација за младите качувачи во целиот свет. Златниот цепин имаше убав почеток.
Златен цепин 2012
Целта на Златниот цепин е да го слави алпинизмот во неговото највисоко ниво и да ги донесе на едно место алпинистите одговорни за најзабележителните искачувања во 2011 година, во планинските масиви во светот. Со поддршка од Алпинистичкиот Клуб, Американскиот Алпинистички Клуб, Италијанскиот Алпинистички Клуб, Француската федерација за алпинизам и качување и Француската федерација на алпинистички и планинарски клубови, духот на Златниот цепин е инспириран од богатата историја на алпинизмот и тој ги зајакнува вредностите и етиката на алпинизмот и духот на наврската.
Последните три години
Новиот формат на Златниот цепин му дозволува на жирито да награди едно или повеќе искачувања:
за 2008:два јапонски тима и еден швајцарски тим го добија „Златниот цепин“,
за 2009:казахстански тим и англо-американски тим беа добитници на „Златниот цепин“,
за 2010: јапонски тим и белгиско-американски тим го добија „Златниот цепин“.
Во годината која доаѓа...
Веќе е јасно дека 2012 година ќе биде посебна година за Златниот цепин. Алјаска беше многу барано игралиште, планините во Сичуан и Тјен-Шан им се отвараат на гладните по авантури алпинисти, а Идија, Пакистан и Непал сé уште имаат богатство од можности...
Алпинистичкиот стил во голема мера се користи во овие региони, но исто така и во Патагонија и Алпите, каде младите качувачи прават поврзувања на класичните насоки.
Целиот список на нови искачувања ќе биде достапен на страната на Златниот цепин почнувајќи од 25-ти Декември на www.pioletsdor.org
Златен цепин за животно дело
По стапките на Валтер Бонати (2009), Рајнолд Меснер (2010) и Даг Скот (2011). Четвртиот „Златен цепин за животно дело“ ќе му биде доделен на алпинист кој качувал на највисоко ниво во текот на својот живот, станувајќи инспирација за генерациите кои доаѓаат... |
|