- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Влечење на опремата

-текст од Мет Самет, илустрации од Мајк Клеланд

Организација на јажињата и ранците

На експонирани и долги насоки, кога треба да носите со себе нешто повеќе облека и храна, а не можете да бидете оптоварени со тежок ранец, постои само едно (едноставно) решение – влечење на опремата. Со ова од друга страна пак се зголемува купчето од јажиња и ранци на сидриштето и не знам колку пати до сега ми се случило да ми се заплетка јажето за влечење со јажето со кое качувам. Тоа секако било причина за бескрајни нервози и средувања, наместо едноставно за тоа време само да качувам. Сепак после толку искуства конечно научив како да го одржувам местото на сидриштето организирано и средено и тоа ми заштедува неколку значајни минути, ако не и саати во качувањето. Еве неколку совети околу ова прашање.

Користете „Тиблок“. Најбрз начин на влечење е тоа да се прави „рака за рака“. Сепак добро е да имате можност да се одморите и за таа цел ставете го јажето да минува низ еден „Тиблок“ прикопчан во единечен карабинер. „Тиблокот“ овозможува јажето да оди во еден правец, а да се закочува во другиот и оваа алатка е лесна како пердув. Поставете високо во сидриштето еден таков „Тиблок“ (поставен во добар правец) и сега во секој момент ќе можете да се одморите. Исто така ако сакате малку да и помогнете на раката, можете да поставите уште еден „Тиблок“ во јажето кое е веќе извлечено. Поставете гуртна низ карабинерот кој стои во „Тиблокот“ и со стапнување во неа, ќе можете да си го олесните влечењето и со ногата. Првиот (горниот) „Тиблок“ го носи товарот, а вториот може да се поместува нагоре и повторно да се стапнува во гуртната со ногата при влечењето. Оваа техника не е брза како само влачење со раката, но се наоѓа практична кога ранецот кој се влече нагоре е тежок.

Средете ги јажињата. Ако не ги средите на време, јажињата ќе се заплеткаат. Избегнувајте да ги средувате на начин со кој ќе ги префрлате над ногата. Наместо тоа користете долги гуртни – по една за двете јажиња (тоа за влечење и тоа за качување) и истите собирајте ги на различни страни од сидриштето.

Две во едно. Ако треба да качувате со два ранци, направете еден од нив. Помалиот прикопчајте го од долната страна на поголемиот ранец и со тоа прво ќе го намалите триењето по карпата и второ – двојно ќе ја намалите шансата за заглавување на ранецот во некој таван.

Спакувајте паметно. За да избегнете „превртување“ на ранецот, ставете ја храната, топлата капа и ракавиците во горниот џеб, а јакната на самиот врв во внатрешноста на ранецот. Во еден таков случај, кога требаше да правам тешко и „мокро“ абзелување при едно искачување, увидов дека најлошо место за сместување на јакната е дното на ранецот :)
Copyright © 2005 Alpinizam.org