- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата




|
Висечки плински
- илустрации од Мајк Клеланд
Има одлични висечки плински по продавниците, но тие имаат два недостатоци. Прво – скапи се, а второ работат само на течно гориво кое си има свои мани на многу студено време. Двата (или еден од овие) недостатоци може да ги решите правејќи си самите свое висечко плинско.
Наједноставен начин е да направите дизајн кој се вклопува под грлото (слика 1- десно). За да закачите такво плинско потребно ви е поголемо „тенџере“ во кое ќе ги собере горните елементи на плинското, а во кое исто така ќе ставите и сад за готвење. Направете дупка во неговиот центар во која ќе го собере грлото на плинското и проверете дали може да се прицврсти боцата. Потоа треба да си направите сопствени држачи за садот за готвење, а оригиналните да ги извадите. На дното на овој голем сад треба да направите повеќе дупки за да дозволите да има проток на воздух. На врвот на овој голем сад на три места на подеднакво растојание направете дупки низ кои ќе бидат поставени жици на кои ќе виси плинското. Жиците треба да бидат со иста должина за да садот лежи хоризонтално, а доволно долги за да можете да го извадите садот во кој сте готвеле.
Постојат неколку начини како да направите и висечко плинско со течно гориво. Две опции има прикажано на слика 2 и слика 3 (долу) – со различни начини за држење на стабилнист, висење, поставување на сад за готвење…. Важно – најлонските шатори и полици се лесно запалливи! Бидете внимателни со течни горива во нив!
___
|
|