- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата




|
Собирање на јажето во долги насоки
-текст од Иан Николсон, илустрации од Џејми Гивенс
Ако добро го собирате јажето на сидриште, ќе заштедите на време, а нема да имате ни главоболки. Кога обезбедувате на некоја полица, собирајте го јажето во форма на круг со дијаметар од околу 80-тина сантиметри. Како што го собирате јажето, така купчето ќе расте, па со рацете или нозете погрижете се тоа да расте од долу нагоре, без да падне од полицата надолу. Ако вашиот партнер е тој кој ќе ја води следната должина, тогаш јажето ќе можете веднаш да продолжите да го подавате низ алатката за обезбедување. Ако пак водите во „блокови“, тогаш едноставно јажето свртете го како палачинка и вашиот крај ќе биде од горе и вашиот партнер ќе може полесно да ве обезбедува.
На тесни полици или пак во ситуација кога висите на сидриштето, тогаш нема да можете некаде да го собирате јажето на страна. Наместо тоа, собирајте го на крајот од јажето со кој сте наврзани за сидриштето – наизменично од една и од друга страна. Ако сите кругови кои ќе ги правите ви бидат со иста должина, тогаш ќе постои можност јажето да ви се заплетка. Наместо тоа правете го секој круг или пократок или подолг во зависност од тоа кој од вас ќе продолжи да ја води следната должина.
Ако се менувате во водењето, направете ги првите префрлувања подолги. Јас лично ги пуштам најдолгите делови да висат по околу 3 метри од двете страни. Секое следно префрлување правете го за десетина сантиметри пократко од претходното. Ова ќе ви овозможи лесно да му го додавате јажето на вешиот партнер кога тој ќе дојде до вас и ќе почне со водењето на следната должина, без да постои можност за заплеткување.
Ако вие продолжувате да ја водите должината од сидриштето нагоре, тогаш започнете со круг кој ќе биде околу 30-тина сантиметри и постепени зголемувајте ги следните. Кога ќе пристигне вашиот партнер и откако ќе се поврзе за сидриштето, прво тој нека го фати собраното јаже во средината и нека го земе кон својата половина. Додека тој така го држи јажето, вие префрлете го околу неговиот крај од јажето со кој тој е поврзан за сидриштето така што пократките кругови (префрлувања) треба да бидат од горе и така ќе може тој полесно да ви го подава јажето кога ќе почнете да качувате.

|
|