Rock Empire - новини 2011/2012
-03.08.2011г
Во средината на јули, Rock Empire го објави својот нов каталог - за сезоната 2011/2012 година. Ви претставуваме дел од новините во него:
Со оглед на тоа што голем акцент во производството на оваа компанија е ставен на „софтверот“, најголем дел од новините се однесуваат во овој случај на појасите за качување. Покрај неколкуте нови дизајни има и неколку нови модели.
Нови модели се: Arkas, Calista, Titan и Hopi. Аркас и Калиста се универзални модели за било кој локалитет и за кои од компанијата велат дека „дефинитивно ќе ги надминат вашите силни потреби и на карпа и во планина“. Аркас е машки, а Калиста женски модел. За разлика од нив Титан е повеќе планински модел или за големи карпи. Hopi e нов детски модел. А еве и како изгледаат:

Со нов дизајн подновени се неколку модели на појаси и при тоа тоа се модели за различна намена: за качување на карпа, ски алпинизам, виа ферата, граден појас... Ви ги претставуваме: Sirion и Streak (за качување), Skialp (ски алпинизам), Eight Vario (граден појас), Speedy (виа ферата, качување во сала)...


Кај хардверот има неколку новини. Во делот „пасивно обезбедување“ Rock Empire ни претставува нов сет на хексови: шест на број и издржливост од 8 до 14kN во зависност од начинот на кој е поставен хексот во пукнатината. Во делот „активно обезбедување“ има измена на дизајнот и опсегот на сетот френдови „Axel“. За детали овде се надеваме што побрзо да ни паднат во раце :)... Во делот „алатки за обезбедување“ во друштвото на стариот Guard (плочка) и осумката, сега им се придружува „авто-блок“ плочката Guard II. Taa тежи 64 грама и преку нејзе може да се работи со јажиња со дијаметар од 7,8 до 10,5 милиметри... Во делот „виа ферата“ се појавува „Dynastop“ - алатка која го има „најбезбедниот апсорбирачки систем на енергија“... Во делот „ранци/торби“ новина е „Crest 42“. „Дизајниран во соработка со најдорите чешки алпинисти. Совршен избор за трекинг, скијање...“. Еве ги и нив на фотка:

Ова е само на кратко претставување на дел од новините од Rock Empire. Се надеваме наскоро нешто и подобро да имаме можност да пробаме/претставиме... |