Детали:

Share

Калистa

-25.12.2011г, Весна Т.

Во изминатиот период имав можност да го пробам овој женски модел на појас за качување на Rock Empire.

Негови основни карактеристики се:

Тежина: 430 гр за модел со големина М;
Големини: XS- XL
Боја: виолетова / сива
- 3 токи за прилагодување на појасот на телото: една на половината и две на нозете;
- 4 гуртни за поставување на опрема на појасот;
- 3D постава;
- можност за поставување на 2 помошни карабинери за опрема во страничниот дел на појасот;

- лесна гуртна за обезбедување во контрастна боја (портокалова).

Калиста е појас за качување кој е со посебен крој кој одговара на пропорциите на женското тело. Тој е лесен и целосно поставен околу нозете и половината и тоа го прави комфорен и во долги искачувања.

Системот за затегнување и олабавување на гуртните кои служат за подобро приспособување на појасот на телото, го сочинуваат 3 токи од 20мм кои фунцкионираат лесно и брзо во двата правци. Една тока е на гуртната на половината, а другите две на гуртните околу нозете.

Покрај 4-те гуртни, по две од секоја страна на појасот, кои служат за носење на опрема, на гуртната која оди околу половината има и два посебни оддели (по еден од двете страни) во кои може да се постави помошен пластичен карабинер кој служи за дополнително носење на опрема (пр. клинови за мраз).

Гуртната за обезбедување пак, како и кај сите други модели на појаси за качување на Rock Empire е со контрастна боја. Во овој случај на овој појас таа е портокалова и тоа помага за побрзо и побезбедно препознавање. Дебелината на гуртната е 16мм со издржливост од 15kN.

Појасот навистина многу убаво ми легна и сигурна сум дека ќе ме придружува во многу авантури.

Повеќе информации за производите на Rock Empire:

RockEmpirewww.rockempire.cz

*******
На оваа тема:

- Појас за качување: Rock Empire Guardian QB;

- Појас за качување: Rock Empire Calista;

- Активно обезбедување: Rock Empire френдови;

- Helper -карабинер за опрема;

- Новини 2011/2012

Copyright © Alpinizam.org