Share

Helper

-16.12.2011г, Игор Т.

Како што кажува и самото име на овој карабинер, тој е помошен пластичен карабинер, кој најмногу се користи за носење на клинови (најчесто тубуларци за качување на мраз, но секако може и други видови клинови и опрема) на него.

Тој се поставува во посебен оддел од појасот, кој соодветствува на големината и формата на телото на карабинерот и не дозволува негово извртување. Карабинерот останува добро фиксиран и тоа овозможува полесно ракување со клиновите. Основна цел е овој карабинер да помогне во што подобра распределба на опремата и алатките за обезбедување (разни клинови и слично) на појасот на качувачот и што подобра прегледност и полесно и брзо ракување со истата.

Основни карактеристики на овој карабинер:

Тежина: 28g
Максимална носивост: 5 kg
Боја: црна

Цена: 240,- денари
Повеќе инфо: kontakt@alpinizam.org

Предупредување: овој карабинер не смее да се користи за обезбедување и абзелување!!!

Поставеност на карабинерот на појасот:

Повеќе информации за производите на Rock Empire:

RockEmpirewww.rockempire.cz

*******
На оваа тема:

- Појас за качување: Rock Empire Guardian QB;

- Појас за качување: Rock Empire Calista;

- Активно обезбедување: Rock Empire френдови;

- Helper -карабинер за опрема;

-Новини 2011/2012

Copyright © Alpinizam.org