Guardian QB
-31.03.2011г, Игор Т.
При нашите последни искачувања во текот на изминатиот викенд имав можност да го пробам овој модел на појас за качување на Rock Empire.
Негови основни карактеристики се:
Тежина: 430 гр за модел со големина М;
Големини: XS- XL
Боја: сина
- 3 токи за прилагодување на појасот на телото: една на половината и две на нозете;
- 4 гуртни за поставување на опрема на појасот (нивната носивост е 5 кг);
- 3D постава;
- можност за поставување на посебен карабинер за клинови за мраз во страничниот дел на појасот;
Веројатно прва работа која се приметува кај овој појас уште на прв поглед се двете гуртни за обезбедување: една за нормално обезбедување при качувањето – на својот партнер, а друга за сопствено обезбедување на сидриште или пак како помош за полесно техничко качување.
Таа гуртна што е за „нормално“ обезбедување е најлонска (другата е dyneema) и кај нејзе има уште еден момент – таа е така сошиена што во нејзе постои „џеб“, посебен простор во кој постои можност за поставување на карабинерот со матица. Тоа дава поголема сигурност при манипулирањето со алатката за обезбедување – на пример ја намалува можноста да дојде до извртување на карабинерот со матица и негово странично оптоварување во случај на пад. Во тој случај силата на гуртната за обезбедување е 15kN..

Системот за затегнување и олабавување на гуртните за подобро приспособување на појасот на телото функционира многу лесно и брзо – во двата правци. Појасот е лесен, а и комфорен со оглед на посебната изработка и анатомски облик на појасот во делот кај нозете и половината.
Со сите тие детали овој модел навистина е класична изработка со дополнителни безбедносни елементи и тоа го прави добар и за почетници и за напредни качувачи.
Би напоменал исто така дека ова е само еден модел од широката палета на појаси на Rock Empire - поделени во пет различни серии за сечии потреби и вкусови. Повеќе избор можете да погледнете овде >>>>
|