![]() |
|||||||||||||
На оваа тема: - Продажна мрежа на Алпина во Македонија;
Користени материјали:
|
Алпина - Новице! - 08.11.2011, Игор Т. Нови модели на Алпина Од следната година Алпина ќе нé израдува со нови модели. Овде ќе ви ги претставам само на кратко, колку да почнете да ги очекувате со нетрпение :), а веќе од Јануари - сите во ред пред продавниците! Додека во класата „mountaineering” остануваат да владеат моделите „Тетон“ и „Анапурна“, во класата „backpacking”, на веќе докажаниот модел „Тибет“ му се придружува нешто многу интересно: „Лотце“, „Непал“ и „Ладак“. Лотце е модел кој доаѓа во две бои: кафена и црвена, изработен е од нубук кожа од 2.8мм, заштитен со симпатекс, има вибрам гума како основа, плочка за контрола на волуменот, гумена заштита, разни стабилизатори, зајакнувачи... Овој модел всушност е единствен кој веќе може да се најде во продажба (наскоро со првиот подобар снег ќе имам можност да го пробам и да ви напишам нешто повеќе за него) и доаѓа во одлично време за секој кој сака квалитетна, лесна чевла со можност за поставување на полуавтоматски дерези:
Непал и Ладак се нешто полесни модели: со нубук кожа од 2.6мм и со посебни женски и машки кроеви. Разликата помеѓу овие два модели е во тоа што Ладакот нема гумена заштита во основата и е со Алпитекс како заштитен материјал:
Во „Hiking” класата, Алпина внесува неколку нови модели: „Венто“, „Прима“ и „Кромо“. Тие имаат средно висок и низок крој и се од кожа од 2мм. При тоа Венто е од нубук кожа, со симпатекс материјал и со заштита на прстите и во делот околу стопалото, а Прима и Кромо се со алпитекс материјал и од нив Кромото има заштита над прстите:
Во „City” класата, на популарните Ескејп и Циклон им се придружуваат моделите „Мистрал“ и „Бриз“:
Кај брендот „Бином“, исто така освежување: Овде нови модели се „Нео“ и „Тринити“. И двата имаат средно висока и ниска чевла, машки и женски крој, а изработени се од нубук од 1.8мм и имаат Симпатекс материјал:
Како што беше напишано погоре - ова е сосема на кратко претставување преку фотографии. Тоа што е важно е дека во секоја класа, за сечија потреба има по нешто ново и интересно! Така што еве еден мој предлог како за крај: Кој сака да се подготви за новата сезона и/или да купи новогодишен подарок на време, во моментов во продажната мрежа на Алпина може да се најде моделот Лотце. На прв поглед и допир - одлична чевла!!! Тие пак кои сакаат да се подноват со некој друг нов модел, може да си купат подарок за „стара Нова година“: од Јануари, на располагање ќе бидат сите други модели. Во секој случај, Алпина треба да биде Ваш избор. Со вакви нови модели, секако останува наш совршен трекинг партнер! |
||||||||||||
Copyright © Alpinizam.org |
|||||||||||||