Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

Германскиот „Симпатекс“ е дишечки материјал кој е 100% отпорен на вода, ветер и е еколошки разградлив. Мембраната со дебелина од само 5 микрометри е лесна, растеглива и докажано отпорна на износување. Ја задржува својата функционалност на долг период и за разлика од други слични технологии не е порозна - мембраната не се блокира од честички и може често да се чисти...

 

 

 

Share

Алпина - „Лотце“

-03.01.2012г., Игор Т.

„Добри чевли можат да ве одведат каде и да посакате да одите. Не им пречат промени на временските услови ниту пак било каков тип на терен. Тие едноставно одат. Вашите нови омилени чевли се комбинација на високо технолошки решенија и природни материјали.

Тие се исто така едноставни за користење. Го намалуваат притисокот и овозможуваат релаксирано движење. Тие заштитуваат и поддржуваат. И додека го прават сето тоа за вас, тие се навистина добри - единствено ако останат незабележани...“

Ова е краткиот опис на Алпина за своите чевли од високата трекинг класа. Пред некое време веќе ви имавме најавено (потсетете се на „Новице“), дека од 2012 година во продавниците на Алпина ќе има нови модели во неколку категории и за различни потреби, па еден од нив, од таа висока трекинг класа, веќе беше достапен и можев да го пробам: „Лотце“.

Со Весна направивме кратка еднодневна тура по падините на Караџица, поточно преку Патишка Река кон Вртигол и нагоре кон платото со бачилата под Остри врв. Многу убава тура која сме ја заборавиле, фокусирајќи се само на мразевите кои ги качуваме во тој предел...



Во почетокот на 1980-тите години Алпина беше дел од многу силни експедиции во Хималаите на планини повисоки од 8000м. Таа за алпинистите, членови во тие експедиции, изработи специјални чевли за тие услови. Најпрво за фантастичната експедиција на Еверест во 1979 година, кога словенечките алпинисти искачија нова насока, следејќи го западниот гребен до врвот, а потоа и за силниот обид за искачување на насока на јужната страна на Лотце, во 1981 година (во таа експедиција учествуваше и македонскиот алпинист Јован Попоски).

Многу логично, горди на овој последен, иако неуспешен до крај обид, минатата година Алпина, во чест на 30-годишнината од таа експедиција, го претстави овој свој нов модел, кој го носи името на таа планина.

„Лотце“ сега е водач во оваа класа на Алпина. Најдолу во текстот можете да го погледнете пресекот на чевлата во кој се преставени сите детали вклучени во нејзе: од очигледната заштитна гума во целата должина околу стопалото, вибрам ѓон, ТПУ апсорбирачки делови под стопалото и за поставување на полуавтоматски дерези, па до сокриените дополнителни заштитни делови околу зглобот и околу прстите, анатомска влошка, облоги за комфор и подобра еластичност итн...

Сепак и покрај сето тоа инкорпорирано во чевлите, прва работа која се приметува е тоа дека тие се многу лесни. Изгледаат робусно и на терен оддаваат такво чувство - заштитничко кон стопалото и силно ударно кога треба да се стапне во цврст снег, но тие се навистина лесни и многу пријатни за носење.

Како заштитна мембрана се користи германскиот Симпатекс кој е 100% отпорен на влијанија од вода и ветер и е дишечки - правејќи ја чевлата пригодна за носење во секакви временски услови.

Дебелината на кожата кај овој модел е 2,8мм. Бојата е темно кафена или црвена.

Деталите:

 

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

Copyright © Alpinizam.org