|
Во светот на статистиките – Каракорам, Лето/2009
Оваа година беше евидентно дека во овој дел од Хималаите владеат многу лоши временски услови. Тоа резултираше само со вкупно 35 искачувања на тамошните планини повисоки од 8000м во споредба со 93 минатата година...
Вкупно за сите планини во Каракорам биле пријавени 63 експедиции. 18 уште пред време се откажале, 2 не се појавиле иако добиле дозвола и со тоа останале 43 тима. Од нив четири тима добиле дозволи за искачување на два врва, а еден тим добил дозвола за искачување на три врва. Во тие експедиции вкупниот број на качувачи кои се појавиле на терен бил 343. Од сите овие експедиции успешни во својата цел биле 17 тима во кои 72 качувачи стигнале до врвовите на планините. Од нив 4 качувачи се качиле на 2 врва. Покрај 5-те жртви кои се споменати на планините повисоки од 8000м, има уште еден загинат качувач и на Латок 1 - подолу во текстот.
Жртви на планините над 8000м
Во само 35 искачувања оваа година на планините повисоки од 8000 метри во Каракорам, загинаа 5 качувачи. На К2 загина Италијанецот Микеле Фаит во обид да се спушти со скии по насоката на Чесен, на Нанга Парбат загинаа Корејката Го Ми Сун ( во дел каде било извадено претходно фиксирано јаже) и Австриецот Волфганг Коблингер, на Броад Пик загина Италијанката Кристина Кастања (лизгајќи се и паѓајќи во креваса) во 4-тиот висински камп, а на Гашербрум 2 загина Шпанецот Луис Барберо (последен пат виден во близина на врвот)...
Искачувања на планините над 8000м
К2: на 19.07 на врвот застана Шпанецот Хорхе Егочеага Родригез.
Нанга Парбат: 19 искачувања од кои 6 на Непалски и Пакистански качувачи, 10 на Европејци (од кои 7 на Австријци) и 3 на јужно корејски качувачи.
Гашербрум 1: 13 искачувања од кои 4 од страна на бугарски алпинисти (се искачија сите членови на експедицијата), 5 шпански, еден Финец, еден Непалец, а на 03.08 на врвот застана Јужно Корејката О Еун Сун со што тоа и стана 13-та искачена планина од вкупно 14 повисоки од 8000м, а втора оваа сезона - се искачи и на Нанга Парбат на 10.07.
Гашербрум 2: 2 искачувања - на 09.07 Ули Штек (Швајцарија) и на 01.08 Бојан Петров (Бугарија) – ставен е во статистиката на успешни до врвот иако во својот е-маил пишува дека стигнал на 35 метри до врот или на 8020мнв.
На Броад Пик оваа сезона немаше успешни искачувања.

За планините пониски од 8000м:
Спантик (7027м) – од 6 експедиции 4 биле успешни од кои 20 качувачи успеале да стигнат до врвот.
Латок 1 (7215м) – На оваа планина имаше две експедиции од кои ниту една не беше успешна, а за жал Шпанецот Оскар Перез Хавире загина на 12-ти Август 2009.
На К6, К7, Гашербрум 3, Гашербрум 4, Гашербрум 6, Кунјанг Чиш, Пумари Чиш, Рака Поши и Таху Рутум имаше 9 експедиции од кои ниту една не беше успешна.

|