Share

Книга - "Classic Dolomite Cimbs"

-11.07.2010, Игор Т.

Подготвувајќи се за нашето трето заминување во најубавите планини во светот, Доломитите (највата е овде >>>>), сакам да ви го претставам нашиот најверен партнер во досегашните искуства во овие варовнички вертикали.

Книгата на Анет Колер и Норберт Мемел „Classic Dolimite Climbs“ посветена на класиките во овие планини, сама по себе стана класика - во алпинистичката литература. Нема алпинист кој малку посериозно размислува да појде кон овие планини, а да не побара одредена информација токму во нејзините страници.

Во нашите досегашни 11 искачени насоки таму, во средбите кои ги имавме со други алпинисти во тие локалитети, можевме да забележиме дека и тие ја користат оваа книга. Единствен недостаток е тоа што од секоја планина е издвоена само по една насока (повеќе во ретки исклучоци), но тоа на некој начин е и предност поради тоа што книгата всушност ве води во секое скриено катче. А има толку многу работи да се видат. За цел живот!

Во изданието кое ние го имаме (англискиот превод на книгата која оригинално е напишана на германски јазик) опишани се 102 алпинистички насоки со оцени од III до VII, при што акцентот е ставен на V-ки и VI-ки. Дадени се многу корисни информации во однос на пристапот, сместувањето, кратка историја за локалитетот и насоката, обезбедувањето во нејзе и потребна опрема, техничката тежина, број на должини, симнување... А сето тоа поддржано со одлични описи на секоја насока и прекрасни инспиративни фотографии!

Насоките се многу внимателно одбрани - убави линии на што поцврста карпа кои имаат интересно историско значење и кои се наоѓаат во многу инспиративна планинска сцена.

Искрено ја препорачувам на секој кој во иднина планира да замине кон овие планини! Книгата може да се купи од многу интернет сајтови, а секако ја има и во секоја продавница која продава литература или опрема за качување кога ќе бидете во било кое населено место под овие планини. За многу богатите 215 страници редовната цена е околу 30 Евра.

Други книги:

- Classic Dolomite Climbs;

- Dolomiten: Die schönsten Berge der Welt

Copyright © Alpinizam.org