Share

Книга - „ Dolomiten: Die schönsten Berge der Welt”

-19.07.2010, Игор Т.

Дефинитивно почнавме да одбројуваме! Заминуваме за 10-тина дена во нови авантури и повторната средба со „најубавите планини во светот“ и тоа како нé возбудува.

Строго препорачливо искуство за секој кој барем малку ги сака планините и природата! Тие не се само центар на алпинизмот – искачувањата во вертикалите... Алпинистичкиот Клуб на Италија преку своите секции има разработено фантастична мрежа на планински патеки и планински домови кои овозможуваат незаборавен трекинг помин помеѓу варовничките грамади. Нешто што не смее да се пропушти! Искрено ја препорачувам оваа волшебна планинска средина.

Исто така искрено ја препорачувам и оваа книга напишана на германски јазик и потпишана од Рејнолд Меснер и Јакоб Тапајнер. B4 формат со 250 страни и колор фотографии на секоја страна. Понудени се многу информации: геологија, историја на искачувањата, цитати од алпинисти, претставување на локалитети, фантастични фотографии од планини, искачувања...

Богато искуство! Нешто што дефинитивно инспирира што побрзо повторно и повторно да се заминува кон овие планини...

Книгата може да се купи од многу интернет сајтови, а секако ја има и во секоја продавница која продава литература или опрема за качување кога ќе бидете во било кое населено место под овие планини. За многу богатите 250 страници редовната цена е околу 35 Евра.

А еве во оваа прилика и потсетување на ова видео:

 

Други книги:

- Classic Dolomite Climbs;

- Dolomiten: Die schönsten Berge der Welt

Copyright © Alpinizam.org